Расипникот Петре Шилегов и СДСМ оставија долг од 160 милиони евра на Град Скопје, се истакнува во денешното соопштение од ВМРО-ДПМНЕ, кое го објавуваме во целост:
Градот е до гуша во долгови, и затоа единствено виновен е Шилегов и СДСМ. Само по основ на идни обврска по склучени договори како доспоени и недоспеани обврски има 58.140.165 евра.
Договорите кои ги склучил Шилегов не се единствениот проблем. Дополнително отпочнал постапки за склучување на договори по јавни набавки во висина од 11.377.052 евра.
Раскалашеноста на Шилегов и СДСМ се гледа и по 7 договори за заем во висина од 32 милиони евра.
Вкупно по сите основи Шилегов на градот му оставил давачки во висина од 158.196.797 евра.
Дополнително покрај сите овие долгови, Шилегов ги потрошил и парите од продажбата на градската куќа, за кои уште не знаеме каде завршиле. Шилегов и СДСМ не работеле за скопјани, туку за неколку приватни џебови.
Центар за комуникации со јавноста на ВМРО-ДПМНЕ