Привидот дека имаме огромен раст од 4,1 отсто во првиот квартал од 2019 година е резултат на фактот што лани во истиот квартал стапката на раст беше исклучително ниска – 0,9 проценти, реагира денеска ВМРО-ДПМНЕ на фалбите од владејачката партија за „огромниот раст“ на економијата.
– Стапката на економски раст за секој квартал се мери споредбено со истиот квартал од претходната година. Имаме исклучително низок раст на преработувачката индустрија од 3 отсто што докажува дека мерките што оваа влада ги насочува кон приватниот сектор и индустријата не даваат подобрување. Стапката на сиромаштијата се повеќе се зголемува, засега бројката достигна до 500.000 граѓани кои живеат на раб на егзистенција. Капитални инвестиции речиси и да нема. Нема нови градинки, нема нови училишта, нема нови спортски сали, нема нови проекти кои ќе го подобрат квалитетот на живот на македонските граѓани. Сето ова само докажува дека Заев и неговата криминална влада немаат ниту знаење, ниту капацитет да ја развиваат економијата. Тие единствено гледаат за нивниот џеб, а не за доброто на граѓаните, затоа метлата мора да заигра за целата власт, се вели во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ.