Зоран Заев се потсети на злосторството, „едно евро за црквата, едно евро за Вицето“. Денеска Заев од Куманово сакајќи да го нападне ВМРО-ДПМНЕ за законот за легализација пропушти да каже дека тој за легализација на земјиште земаше мито од едно евро за метар квадратен, пари кои одеа кај Вицето.
Ова се истакнува во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ на денешниот настап на Заев на партиската трибина во Куманово.
– Рекетот кој Заев со години го правеше во Струмица и за кој доби аболиција од судството сега го прави на ниво на цела Македонија. Праксата за плаќање мито од 1 евро за метар квадратен за легализација Заев ја имал со сите објекти во Струмица, тоа сам го кажува во видеото од кое се гледа и слуша како бара 200.000 евра. Зоран Заев е единствен кој ја спречува Македонија да оди напред. Криминалот, корупцијата и рекетот кои во изминативе три години ги практикува се пречката Македонија да се развива. Граѓаните бегаат од Македонија заради немаштијата која е се поприсутна, но и заради криминалот, неправдата и загубените вредности, работи за кои највиновен е Зоран Заев и СДСМ, се вели во реакцијата.
Криминалот, се додава во соопштението, е присутен во секое поле од општеството.
– Бизнисмени се рекетирани со месеци и години, а власта ништо не преземаше. Потребна беше реакција на меѓународната заедница, медиумите и јавноста за ЈО да отвори истрага. Бизнисот тоне, а само фирмите на Заеви и Анѓушев работат. Нема ни за граѓаните. Минималната плата со која се фали, всушност ја нема. Работниците кои ја враќаат дел од сумата на газдите откако ќе ја земат на сметка се жив пример за тоа дали има или не минимална плата. Македонија тоне секој ден. Граѓаните се, се посиромашни. Државата се празни и тоа СДСМ го причини. СДСМ е проблемот кој мора да се реши. СДСМ мора да си замине, се вели во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ.