Синоќа и утрово Скопје, Битола, Струмица и други градови во Република Македонија се меѓу најзагадените во светот, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
– СДСМ покажаа дека се неспособни да го решат проблемот со загадениот воздух. Ветуваа итни мерки за почист воздух, а речиси две години ништо конкретно немаат спроведено. Како резултат на несериозноста на СДСМ, Република Македонија стана најзагадена држава во Европа, а не поминува ден Скопје да не е во десетте најзагадени градови во светот. Додека СДСМ се служи со лаги и манипулации Светска банка потврди дека заради енормно загадениот воздух во Република Македонија, на годишно ниво се регистрирани 1.350 смртни случаи, се вели во партиското соопштение.
Граѓаните. се додава натаму, секојдневно ги полнат болниците како последица од загадувањето на воздухот, а власта со око не трепнува.
– На собраниска седница на која се дебатира за решавање на проблемот со загадениот воздух Шилегов си играше игри на мобилен, а Макрадули реши дека подобро е да си дремне. Ја укинаа акцијата Ден на дрвото со која беа засадени 35 милиони садници, ги исклучија половина од мерните станици и не се способни да ги одржуваат новите автобуси, и ги вратија старите. Тоа се мерките на СДСМ. Државата и граѓаните станаа жртви на неспособноста и незаинтересираноста на СДСМ да го решат проблемот со загадувањето, се вели во соопштението.