Поминаа пет дена откако градоначалниот на Струга, Мерко, беше ставен на црната листа на САД, поради корупција и мешање во судски процеси, но оставка од негова страна, нема ни на повидок, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата посочуваат дека нема барање за оставка ни од неговата матична партија ДУИ, ни од помалиот коалиционен партнер во владата СДС.
-Јавноста бара оставка од Мерко веднаш, но очигледно мислењето на народот, како и за многу други случаи, не и е важно на власта. Важно е само тендерите да врват и да се купи уште некој месец на власт. Сите институции, кои имале врска со овој случај потфриле, едни ги чувале случаите по фиоки, други најверојатно се офајдиле, трети се правеле наудрени. Случајот Мерко е пример за тоа како владеат ДУИ и СДС. ВМРО-ДПМНЕ по превземањето на власта, како главен приоритет ќе го постави, справувањето и сузбивањето на корупцијата во сите институции и одговорност ќе има за сите, се наведува во соопштението на партијата.