Го поздравуваме интересот на СДС во однос на темата со владиниот авион бидејќи самата тема, покрај ситно политичките поени што сака да ги добие СДС, што секако ги занемаруваме, отвора и други значајни аспекти, се вели во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ на денешното соопштение на СДСМ, што МИА ја пренесува интегрално.
Треба СДС, пред да влезе во материјална и теснограда расправа за владиниот авион, да биде свесен дека ние сме држава врз која има еден нерасветлен атентат врз претседател и уште еден инцидент на трагично загинат претседател на држава, и тоа со владино летало.
Актуелното владино летало, од кое СДС и Венко Филипче правват евтин сензационализам, е старо 20 години, купено во 2005 година, и од 2017 до сега се потрошени речиси 4 милиони евра за поправки.
Воедно, индикативно, и би можело да се оцени, и крајно лицемерно е поведението на лидерот на СДС, Венко Филипче, кој зад затворени врати го поддржа купувањето на новиот владин авион, а во јавноста се противи поради ситен партиски интерес и гол популизам.
Кој Венко се противи, тој што во 4 ѕида вели – купете авион или тој што пред микрофоните вели – не купувајте авион, дајте пари за минимална плата?
Ова се вика дефиниција за лицемерство. СДС шири лажни вести.
Дополнително, семејството на премиерот Христијан Мицкоски никогаш не го користело владиниот авион. Но, очигледно е дека работи фројдовскиот елемент кај СДС и тие на тој начин самите се издаваат дека Зоран Заев летал со целото семејство во Амстердам на одмор и дека најчеста дестинација на авионот била Ниш во времето на владите на СДС.
А кога сме кај парите за минимална плата, еве неколку дополнителни предлози за СДС. Тие може да се обезбедат од крадените пари, од кои Венко Филипче купи хациенди на Водно, може од парите од провизиите од кинеските вакцини „стабри“, кои ги договораше Венко Филипче или од парите со кои Заев гради згради во Дубаи или од парите што Вице Заев ги украде од РЕК и ги префрли на бугарска фирма.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Фото: архива




