Генералниот секретар на СДС, Александар Саша Димитријевиќ, остварил средба со бивши функционери од српската опозиција со цел оформување на опозициски фронт, наведува ВМРО-ДПМНЕ во соопштение, што МИА го објавува интегрално.
Димитријевиќ минатата недела се сретнал со Бранко Ружиќ, поранешен министер за образование во Србија и потпретседател на Социјалистичката партија на Србија СПС.
Димитријевиќ на средбата разговарал за здружување на опозициските сили од Србија со СДС. Димитријевиќ по насока на Заев и Башановиќ кроел шеми за координација и поврзување меѓу СДС и дел од српската опозиција за заедничко делување.
Бранко Ружиќ е политичар кој бил суспендиран минатата година од својата политичка партија, која инаку е во коалиција со партијата на власт во Србија поради неговите различни ставови за работата на истата Влада во која тој бил министер за образование.
Димитријевиќ, Филипче и СДС одработуваат за туѓи цели и одработуваат за опозиција во друга држава.
Филипче и СДС наместо коректив на власта и конструктивна опозиција во Македонија, продолжуваат да одработуваат за туѓи интереси и странски центри.
На СДС и Филипче не им се важни граѓаните во сопствената земја, туку лојалноста и интересите на врховниот претседател на СДС, Зоран Заев.
На СДС граѓаните не им веруваат, а рејтингот константно им тоне токму поради безидејноста и немањето визија за Македонија.
На СДС и Филипче фокусот не им е Македонија туку туѓи интереси и лични цели на Заев и Филипче.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ




