Коалициите на СДСМ траат само неколку часа се додека тие самите не се демантираат, се истакнува во денешната реакција од ВМРО-ДПМНЕ.

– СДСМ реформи во својот мандат не донесе. СДСМ донесе сиромаштија, економска криза и хибриден режим. Време е СДСМ да излезе пред македонската јавност и да каже дали има мнозинство во Собранието и дали ќе прави влада. Доколку не го направи тоа, значи дека тие ова што го прават е манипулирање со граѓаните, се вели во соопштението.