СДСМ е на прав пат Македонија да ја втурне во провалија, а Заев и екипата околу него се на прав пат да ги наполнат своите приватни конта, додека граѓаните гладуваат, се вели во денешната реакција за објавеното ребрендирање на владејачката партија.
– СДСМ е на прав пат да исели уште 1.000 луѓе за еден ден во градови како Делчево, Берово, Виница или Македонска Каменица. СДСМ е на прав пат да го уништи земјоделието. Со СДСМ на власт родот наместо на пазар завршува на буниште. СДСМ е на прав пат да го колабира здравството. Министерот и директорот на ФЗО наместо за подобро здравство работат за криминалот на Заев. СДСМ е на прав пат да го осакати образованието. Учениците и по еден месец откако почна учебната година немаат учебници. СДСМ е на прав пат да ги понижи безбедносните служби. Полицајците и војниците носат скинати униформи. СДСМ е на прав пат за во опозиција. Предвремени избори час поскоро. Граѓаните ќе му го покажат патот на СДСМ, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.