СДСМ се „шампиони“ во енергетиката но само во негативна смисла на зборот.
Ова се истакнува во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ, кое го објавуваме во целост:
Функционерите од СДСМ преку државни позиции од голтари станаа милионери, буџетот беше злоупотребен за лично богатење.
СДСМ ги злоупотреби институциите за лично богатење. А, на сметка на тоа граѓаните плаќаат се поскапа струја.
Зоран Заев додека беше на власт, и сега Димитар Ковачевски систематски ги уништуваат домашните капацитети за производство на струја. Хидроакумулациите ги пресушија, а РЕК го оставија без јаглен. За сега во сред енергетска криза Македонија да треба да ги покрива и до 50% од своите потреби на струја од увоз.
И откако СДСМ енергетски ја опустоши Македонија, Заев, преку неговиот син Душко Заев, отвора фирма за трговија со струја.
Заеви сега ќе печалат на грбот на народот, сите ќе плаќаат поскапа струја за менторот на Ковачевски Заев да ниже профити.
За вакво управување на енергетиката во Македонија, СДСМ и ДУИ ќе мора да понесат одговорност!
Центар за комуникации со јавноста на ВМРО-ДПМНЕ