СДСМ очајно, а по малку и нервозно се обидува да покрие својата неспособност и недомаќинско работење, вели ВМРО-ДПМНЕ.
„На виделина излегоа 2 милиони евра кои власта на СДСМ и ДУИ ги потроши за непродуктивни трошоци како кафиња, мебел, службени возила, перење на тие службени возила, фстаци, хотелски услуги, подароци, жардињери и режани цвеќиња во време на тешка економска криза кога народот едвај врзува крај со крај.
На виделина излегоа и неспособноста и долговите кои градоначалниците на СДСМ ги оставија зад себе во општините, како и нивните местени тендери, но на виделина излезе и опструкцијата која централната власт ја прави на градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ.
Но најважно на виделина излезе разликата помеѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ во пристапот на работа. Денес граѓаните може да видат дека градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ и покрај сите опструкции реализирале илјадници проекти за граѓаните, а СДСМ и ДУИ имаат зад себе само една голема НУЛА.
Впрочем, кадрите на СДСМ освен да обвинуваат и да крадат други и не знае ништо друго да сработи. Затоа Македонија е последна во регионот и Европа според стандардот, според растот на БДП, според странските инвестиции. Тоа граѓаните го гледаат и го чувствуваат по својот џеб и затоа ќе ги казнат СДСМ и ДУИ на избори“, се вели во соопштението.