Јане Ченто, правнукот на Методија Андонов – Ченто, кој е осуден на 15 години затвор за инцидентот во Собранието во 2017 година, ја оцени како селективна правда условната казна што ја добија шарените активисти Здравко Савески и Владимир Куновски. Савески и Куновски во 2016 година учествуваа во палењето на канцеларијата на претседателот Иванов во центарот на Скопје, за што, по години судења, добија само шест месеци затвор и тоа условно.

Какви двојни аршини се спроведуваат и каква селиктивна правда има може да видите од овој случај на шарената револуција која ЈА ЗАПАЛИ КАНЦЕЛАРИЈАТА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ДРЖАВАТА. Во членот 313 за кои сме осудени над 15 години затвор пишува…. ”Тој што со намера да го загрози уставниот поредок или безбедноста на Република Македонија ќе предизвика или сериозно ќе се закани со предизвикување експлозија, ПОЖАР….ПОВТОРУВАМ ПОЖАР… ќе се казни со казна затвор од најмалку 10 години.” Шарената револуција ја ЗАПАЛИ ЦЕЛА ДРЖАВА, граѓаните не можеа да излезат по улиците, имаше АКТИ НА НАСИЛСТВО каде беа повредни повеќе од 200 полицајци и недолжни граѓани. Морам да повторам за да сфати народот,ако се сеќавате имаше СЕКОЈДНЕВНО НАСИЛСТВА а кулминација беше тоа што ЈА ЗАПАЛИЈА КАНЦЕЛАРИЈАТА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ДРЖАВАТА, над таа канцеларија има станови, луѓе кои што живеат во тие згради КАДЕ ШТО ОВИЕ кои беа ОРГАНИЗИРАНИ ЈА ЗАПАЛИЈА КАНЦЕЛАРИЈАТА А СО ТОА И ЗГРАДАТА ВО СТРОГ ЦЕНТАР НА СКОПЈЕ. ОЧИГЛЕДНО БЕШЕ ДЕКА СЕ ДОБРО ОРГАНИЗИРАНИ, го малтретираа народот со МЕСЕЦИ, ја запалија Македонија и на крај условни КАЗНИ, а за некои нема ниту обвинение, вели Ченто.

Тој додава дека целта на процесот за 27 Април била „да го скрши македонскиот народ и во тоа успеа, за жал. Името беше главна цел и помина како што сите знаете, со притисоци и уцени се изгласаа уставните измени“.

Ченто додава дека идната македонска Влада мора да го испита финансирањето на Шарената револуција со пари од странство, и да утврди како СДСМ и шарените биле организирани од надвор.