СДСМ пироманска е должна одговор дали со пожарите во Правда, СЕП, Инпекторат за животна средина, сега и во Улица и патишта намерно се пали документација за прикривање на траги за криминал, се нагласува во денешната реакција од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, во врска со последниот пожар што ноќеска се случи во бараките на ЈП Улици и патишта во Скопје.
– Утринава се случи четврт пожар во државна институција. Пожарот во ЈП Улици и Патишта доаѓа по низата пожари во државни инстутуции, како СЕП, Инспекторатот за Животна средина, министерството за правда. Во сите четири институции запалени меѓудругото се и документи од институциите. СДСМ пироманска да одговори дали ваквите пожари не се дел од смислено сценарио за уништување на документација за можен криминал во работењето на овие институции?- се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.