Во СДСМ се свесни дека ја напуштаат власта и во паника пред граѓаните креираат сценарија, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на соопштението од СДСМ.

– Во СДСМ нека не се молчи за секојдневните афери кои се откриваат, а се вмешани Заев и нивното цело раководство. Крајот на СДСМ се повеќе се ближи. Решението граѓаните го знаат, а тоа е дека Зоран Заев и СДСМ мора да паднат од власт и никогаш повеќе да не се вратат. Секогаш кога СДСМ е на власт, Македонија тоне на секое поле. По 12-ти април следува обнова на Република Македонија заедно со ВМРО-ДПМНЕ. Зоран Заев и СДСМ никогаш повеќе, се вели во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ.