Димитар Ковачевски на 1-ви ноември говореше дека поскапувањето на струјата кое би се случило на цената на електричната енергија за домаќинствата во Македонија, ќе биде резултат на таксата која ја воведува Бугарија за транзитот на гас. Сега кога Бугарија ја укинува оваа такса се поставува прашањето на кој дополнителен трошок ќе го темелат поскапувањето кое веќе го најавува и самиот Бислимовски?- прашува ВМРО-ДПМНЕ.

Граѓаните со право се загрижени, бидејќи функционерите  на власта на ДУИ и СДС веќе најавуваат воведување на нови такси во сметките кои според процените може да значат 30 милиони евра повеќе трошоци за граѓаните годишно, но и проширување на тарифните групи 3 и 4 кои се најскапи и со што би се направило прикриено поскапување на електричната енергија.

Народот е доведен до питачки стап и секое поскапување на електричната енергија дополнително ќе ја зголемува сиромаштијата, која веќе според процените ги опфаќа речиси 600 илјади граѓани.

Ковачевски, Бислимовски и сите останати функционери а власта го уништија енергетскиот сектор во Македонија и резултатот на тоа е секое ново поскапување на електричната енергија за граѓаните. Наместо инвестиции во државните енергетски капацитети, фрлени се на приватните бизниси од кои и самите имаат голема лична корист.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ