Петре Шилегов освен што е најнеспособниот и најмрзливиот градоначалник на Скопје, сега ќе го паметат и по тоа што го напушти градот во време кога околу Скопје имаше 18 активни пожари.

Ова се истакнува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ, кое го пренесуваме во целост:

Уште еднаш Шилегов покажа дека не е градски татко туку очув.

Очигледно одморот во Хрватска не може да чека, па Шилегов замина и остави цели населби без вода, Охис во пламен, пожари на Водно и Ѓорче Петров и зачадено Скопје.

И тој како и неговиот лидер Заев кукавички дезертираа и ги оставија граѓаните сами да се справуваат и да се спасуваат.

За ова Шилегов ќе сноси одговорност.

Народот ќе го прати на подолг одмор и трајно ќе му ги земе обврските во Град Скопје.

Центар за комуникации со јавноста на ВМРО-ДПМНЕ