СДСМ останува дувло на криминалот, а јавните обвинители Љубомир Јовевски и Вилма Русковска и натаму се ставаат во заштита на криминалот, реагира денеска ВМРО-ДПМНЕ.
– Заев нема намера да ја реформира партијата. Заев е секој ден се повеќе заглавен во криминал. На владата на Зоран Заев се повеќе и се ближи крајот. Криминалите на оваа влада излегоа на површина. Затоа Заев мора да ги враќа кадрите со кои ја креираше коалицијата со криминалот и мафијата. Заев мора да бара по некој млад и неискусен кој ќе му поверува дека целиот проблем бил во „еден криминалец, суетен новинар и п.дер“. Зоран Заев е спремен да ги предаде своите најблиски соработници за да купи време, за да краде и рекетира. Деновите како премиер му се избројани. Обнова на Македонија ќе се случи кога Заев ќе си замине од власта, се вели во соопштението од опозициската партија.
ВМРО-ДПМНЕ во соопштение реагира и на настаните околу аферата Рекет:
– Катица Јанева е рекетарот на Зоран Заев. Цела македонска јавност знае дека главата на октоподот е единствениот аболициран премиер во Европа. Русковска и Јовевски и натаму се ставаат во заштита на криминалот, во заштита на Зоран Заев кој е на чело на операцијата за рекетирање на политичари, бизнисмени, македонски граѓани. Сите слушнаа како Боки 13, го споменува името на Зоран Заев во една од аудио снимките на „Ла Верита“ и како тоа тој нема да прави проблеми за рекетот. Сите слушнаа како Боки 13 откако рекетира, заминува на средба со Заев. Сите освен Русковска и Јовевски кои на прес конференција лажеа и тврдеа дека нема вмешано политичари во аферата „Рекет“. Што се случи со Коки, Кики, Фрики, Шеки и останатите членови на рекетарската банда, што се случи со градоначалниците на СДСМ кој потпишуваа меморандуми за соработка со невладината организација на чие чело беше Боки 13, а за која сега постои основано сомневање дека служела за перење пари, прашува ВМРО-ДПМНЕ.
Натаму во соопштението се додава:
– Дали „истрагата“ на Русковска не се проширува бидејќи и самата знае дека доколку истата ги зафати пипците на октоподот, ќе се стигне до главата? Зошто Русковска упорно го штити и амнестира Зоран Заев? Правда во Македонија одамна нема, правната држава ја укина човекот кој никогаш не се соочи со правдата, човекот кој три пати е амнестиран за тежок криминал, Зоран Заев. Но вистината секогаш излегува на виделина, Зоран Заев е спремен да ги предаде своите најблиски соработници за да купи уште малку време, за да краде и рекетира. деновите во премиерската фотелја му се избројани. Граѓаните ќе ја казнат оваа криминална рекетарска банда на чело со Зоран Заев, а тогаш ќе одговара за сите злодела и криминали, а ќе одговараат и оние кои се ставија во заштита на криминалот, наместо да го гонат истиот, се вели во реакцијата.