ВМРО-ДПМНЕ вечерва организира настан на кој на симболичен начин им оддаде почит за жртвите од КОВИД-19 во Република Македонија.
Настанот се оддржа во 18 часот пред СЦ „Борис Трајковски“, при што изјава за медиуми даде Рашела Мизрахи, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.
КОВИД 19 не е статистика. Секојдневно се држат пресконференции на броеви. 195 починати за една недела, 1305 од почетокот на пандемијата во Март. Но, КОВИД 19 не е статистика. Ова се луѓе, со име и презиме. Нечии мајки,татковци, сестри, браќа, нечии деца, изјави денеска Рашела Мизрахи на настанот кој го организираше ВМРО-ДПМНЕ со цел да се оддаде почит на починатите од коронавирусот во нашата држава.
– Владата како да потпишала капитулација и по ова прашање, а здравствениот систем е во колапс. Филипче освен празни зборови нема конкретни решенија. А оваа битка не се добива со пресконференции, туку со мерки и мобилизација на сиот квалитетен кадар. И додека се продава скап ПР со единствена цел ” да се избега од одговорност” во стил на ова владеење, Јасно е господине Премиер, И Вие господине Министер за Здравство, одговорноста е целосно ваша, посочи таа.
Зошто сите знаеме дека секаде во светот умираат луѓе од КОВИД, но сигурни сме дека оваа трагедија ќе беше многу помала да не беше и да не е вашето неспособно управување со кризата. Овој настан вечерва е во знак на почит од жртвите од КОВИД луѓето кои ги загубивме, а можеше да се направи многу повеќе. Тие не се тука поради неспособната влада и Венко Филипче кој мора да си даде оставка.Неговата оставка не е прашање на политички чин туку прашање на нужност, прашање на живот, истакна Мизрахи.