МВР преку Интерпол треба да распише меѓународна потрага по Јани Макрадули. Постои сериозен сомнеж дека заменик министерот за животна средина на СДСМ ја напуштил земјава и заминал на локација каде што ќе може да ги наполни белите дробови со воздух без канцерогени честички.
Ова се истакнува во денешното соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.
– Тоа што го прави Јани Макрадули и најголемиот дел од функционерите на СДСМ е луксуз кој што не може да си го дозволат огромното мнозинство на граѓани на Република Македонија. Тие секојдневно ги полнат болниците како последица на лагите и неодговорниот однос на Заев, Макрадули и СДСМ кон проблемот со загадувањето. Според податоците на Светската здравствена организација повеќе од 3.000 граѓани на Република Македонија годишно умираат поради аерозагадувањето. Наместо реално мерки за Макрадули и СДСМ виновни се мерните инструменти. Макрадули и СДСМ се пбидуваат да ги излжат граѓаните дека мерните инструменти се виновни што Скопје и Њу Делхи се меѓу најзагадените градови во светот, а Калкута дека би била помалку загадена од Виена или Цирих ало инструментите би биле во ред. Болниците се преполни со оние кои ја плаќаат цената за неспособноста на власта граѓаните, хронично болните, старите и изнемоштени лица, деца кои поради загадувањето на воздухот имаат проблеми со здравјето, се вели во соопштението.
Натаму во реакцијата се додава:
– Изминаа три години во кои од година во година се зголемуваше државниот буџет, години во кои Владата на Зоран Заев не понуди никакво решение за проблемот со загадениот воздух, напротив од година во година квалитетот на воздухот е се полош и полош. Годинава СДСМ процени дека е поприоритетно да се набавуваат покер апарати отколку тие 6,5 милиони евра да се вложат во еколошки проекти. Скопје редовно се наоѓа на листата на најзагадени градови во светот, а на листата се приклучија и повеќе поголеми градови ширум државата. Граѓаните се гневни на власта, а казната за нејзината неспосбност и дрскост следува на 12 април. На граѓаните на Република Македонија повеќе не им се потребни изговори, туку работа и посветеност, решение за нивните проблеми меѓу кои еден од најгорливите е токму проблемот со аерозагадувањето. Она што го нуди ВМРО-ДПМНЕ, она што го нуди „Обновата за Македонија“ е токму она кое што граѓаните го бараат, се вели во соопштението.