Секој ден црни биланси, а власта на Заев е заинтересирана само за поткупи, рекет и криминал, се вели во денешната реакција од ВМРО-ДПМНЕ во врска со состојбата со коронавирусот во Македонија.
Во продолжение целото соопштение од партијата:
Поради неодговорноста и неспосбноста на власта на заев, Филипче и СДСМ, Македонија доаѓа блиску до бројката од 6.000 заболени од корона вирусот. Со ваквите бројки Македонија е црн рекордер во регионот и по заболени, но за жал и по починати на милион жители. Само последното деноноќие има 150 новозаболени и 9 починати.
Дури Филипче прави политичко партиски пресметки во институциите, граѓани заболуваат и умираат.
Гледаме дека оваа власт на Заев и СДСМ не се грижи за здравјето и животите на народот, туку посветени се само на криминали, корупции и рекет. Последните материјали покажуваат дека секоја работа во владата била дебело плаќана. Српски тајкун платил најмалку 300.000 евра поткуп за да му се заврши некој бизнис со владата на Заев. Да потсетиме дека Зоран Заев беше снимен како бара евро за црквата и евро за Вицето во сличен случај пред неколку години, а за кое од Луј Витон судството беше ослободен. Колку од овие пари на српскиот тајкун завршиле кај браќата Вице и Зоран Заев, затоа што има сведоштва дека сите изрекетирани пари завршувале токму кај нив.
Сега граѓаните гледаат дека оваа власт на Заев единствено организирана била кога се работи за криминалот, а се друго во државата го има оставено да тоне и да пропаѓа.
Власта на СДСМ и Заев покажаа дека можат единствено повеќе криминал, можат повеќе корупција и можат само порази. Да ставиме крај на виткањето кичма. Исправи се Македонијо! Одбери обнова!
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ