СДСМ го крахираше безбедносниот систем на Република Македонија и ги загрозува НАТО аспирациите преку непочитување на принципите за постапување со класифицирани информации, се вели во денешното соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.
– Соработникот на Зоран Заев, Јовче Ременски, висок функционер во УБК, а сега АНБ, изнесувал класифицирани информации, списи и докази и ги чувал како архива во сопствениот дом, спротивно на сите закони и процедури. Пронајдените документи со имињата на сите инволвирани полициски службеници, сведоци, докази и соработници во случаите Монструм и Диво Насеље во домот на Јовче Ременски, отвораат сомнеж за неговите намери. Дали соработникот на Заев, Јовче Ременски, со тие информации имал намера да уценува, да се заканува или да заштитува некое од тие лица? Дали Јовче Ременски е вмешан и во бришењето и исчезнувањето на двата телефони на неговата сопруга, осомничена во случајот Рекет? Агенцијата за Национална Безбедност е под целосен сомнеж дека е под контрола на СДСМ и соработниците на Заев, како што е Јовче Ременски. Од таму нема ниту отворена постапка за истрага на случајот, ниту суспендирање на Ременски. Сите од власта молчат за овој скандал, објави опозициската партија.
Натаму во реакцијата се додава:
– МВР и Оливер Спасовски очигледно е дека не можат да гарантираат за безбедноста на материјалите, а не пак да гарантираат за безбедноста на целата држава. Уште колку функционери ма СДСМ си имаат дома архиви од класифицирани материјали? Криминалните афери се множат, а властите молчат и се штитат еден со друг. Одговорноста ја одбегнуваат, но не за долго. Граѓаните не сакаат да живеат во крахирано општество. Тие ќе бидат тие кои што ќе ја пратат СДСМ во историјата на 12 април 2020 година, се вели во реакцијата.