ВМРО-ДПМНЕ: Стани Ковачевски да те види народ, стани Ковачевски, собери храброст и соочи се со своите граѓани, се затворија 12.000 фирми

/ 27.11.2022

Ветуваше поддршка на стопанството и индустријата, а за една и пол година се затворија 12 илјади компании. Но затоа компанијата која тој ја основал не само што добивала државна помош, туку и добивала вносни бизниси во време кога тој бил на функција, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата посочуваат дека премиерот ветувал и раст на стандардот, а инфлацијата ги изела платите и пензиите.

Ковачевски, сметаат од ВМРО-ДПМНЕ, е најодговорен зошто Македонија со 20% има една од највисоките стапки на инфлација во Европа, а меѓу десет земји во светот со најголема инфлација на цената на храната.

-Ветуваше справување со енергетската криза, а наместо сопствено производство се трошат секој ден милиони за увоз на струја или за испросување на енергенси. Ветуваше висок раст на БДП, а Македонија е меѓу последните во Европа според растот на БДП, единствено полоши се прогнозите за Русија и Украина. Ветуваше стабилна економија, а добивме енормен раст на долгот кој ги надминува 8,5 милијарди евра. Само порази, криминал и неуспеси се резултатот од оваа влада. Нивната неспосбност е епска! Димитар Ковачевски со лаги и измами не се носи иднина! Стани Ковачевски да те види народ! Стани Ковачевски, собери храброст и соочи се со своите граѓани, се вели во соопштението на партијата.


Од истата категорија