Криминалниот октопод на СДСМ на чие чело е аболицираниот Зоран Заев со своите пипци навлезе во сите пори на општеството, а граѓаните станаа жртви на криминалното работење на власта, реагира денеска ВМРО-ДПМНЕ.
– Никој во Република Македонија не верува дека човекот кој е три пати амнестиран за тежок криминал, Зоран Заев не е вмешан во најголемата корупциска афера во поновата македонска историја, случајот Рекет. Единствена партија во Македонија која застана во заштита на криминалот во Македонија е СДСМ. Што се случи одговорноста, кривична и политичка за Курто Дудуш, градоначалник од редовите на СДСМ кој во својот кабинет малтретираше граѓанин? Што се случи со ,,Leonardo will win” и одговорноста за Драги Рашковски кој навреди пријателска држава, ги навреди нашите сограѓани, а постојат и сериозни индиции за криминал? Кои се Кики и Фрики, дали Зоран Заев знае кој негови сопартијци се вмешани во аферата Рекет, дали тие се дел од операцијата за рекетирање и уценување на македонски бизнисмени? Во медиумите се шпекулриа дека Катица Јанева учестувала во рекетот, зошто таа не е осомничена, зошто Јанева не е во притвор, прашува опозициската партија.
Правдата во Македонија ќе се врати, се додава во соопштението, кога Зоран Заев ќе си замине од македонската политичка сцена. Кога ќе се врати правдата ќе одговараат сите.