Владата на СДСМ предводена од Зоран Заев во овој мандат не сработи апсолутно ништо. Не успеа да реализира ниту едно ветување кое го имаше во предизборна кампања, се вели во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ на соопштението од СДСМ за нова влада.
– Ветуваа живот за сите граѓани, а живот дојде само за лицата блиски до СДСМ. Нема просечна плата од петстотини евра, нема нов Клинички центар, нема 600 километри нов автопат, нема студентски градови, нема просечен раст на економијата од 5% годишно како што ветуваа пред да дојдат на власт. Единствени нешто по што ќе остане запаметена оваа влада на СДСМ се криминалните тендери, рекетот, корупцијата. Граѓаните на Република Македонија не го заслужуваат ова, се вели во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ.