ВМРО-ДПМНЕ одржа прес-конференција веднаш после изборите. Од опозицијата укажаа на бројни нерегуларности на изборниот процес, но дека веруваат во победа.
„Видовме како изгледа власт која паѓа, која ги злоупотребува сите државни полуги, само да ја задржи власта. Вакви злоупотреба на државните институции досега не е видена.
Изобрниот процес мина со нерегуларности, нарушување на процесот, и доказ дека СДСМ е во паника.
Вчера беше ширење на на пропаганден матереијал на активисти на СДСМ. Имаме информација за поткуп во Радовиш, Пробиштип, Ѓорче Петров и други општини. Новинарска екипа беше нападната, а денеска новинарска екипа беше спречена да информира од избирачко место. Штотуку пристигна информација за напад на набљудувач во Бојане од невладина организација.
За сите дејствија, и за истото ги информиравме сите меѓународни институции. Она што е најважно, изборите минаа со голема излезност. Веруваме во победа“, вели Марија Митева, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.