Целосен молк од страна на владата и администраторот Ковачевски за преговорите со Бугарија и Кирил Петков во врска со историската комисија.
Ова се нагласува во денешната реакција од ВМРО-ДПМНЕ во врсска со преговорите со Бугарија. Го објавуваме целото соопштение на опозициската партија:
Што е се завршено, како што соопштија од бугарската страна во комисијата и кој е новиот момент во преговорите во оваа комисија.
Сите информации кои доаѓаат до македонската јавност се од страна на бугарската влада или комисија. Вчера можевме да видиме целосен триумфализам од страна на бугарската страна во историската комисија во врска со историската личност, Цар Самоил.
Додека има триумфализам во Бугарија, владата на Ковачевски соопштува дека состанокот на мешовитата комисија поминал во одлична атмосфера, без никакви информации кои македонската јавност ги бара.
Се уште нема одговори од македонската влада за што уште се преговара и кој е исходот од овие преговори.
Молкот отвора огромен сомнеж дека се водат преговори кои се штета на Македонија, македонскиот народ и македонските национални интереси.
Каков договор се спрема и зошто се уште Ковачевски молчи?
Ковачевски и Османи се должни веднаш да и соопштат на македонската јавност и пред пратениците да реферираат за текот на преговорите и кои се следните чекори.
Преговорите мора да бидат транспарентни и јавноста мора да биде информирана.
Центар за комуникации со јавноста на ВМРО-ДПМНЕ