Од економија од власта на Заев можеме да слушнеме само за поскапување и задолжување, се истакнува во денешното соопштение од ВМРО-ДПМНЕ, кое го објавуваме во целост:

Последната одлука за поскапување на горивата која ќе достигне и до 3,5 денари повеќе за литар ќе биде нов удар по џебот на народот. Стандардот паѓа и се поскапува, а власта на Заев за да ја покрие својата неспособност, недомаќинско и аздисано трошење на народните пари воведува и дополнителна такса од 4,13 денари за секој литар гориво. Ова ќе доведе до ценовен шок и пад на стандардот. Ама тоа власта не ја интересира.

Нив ги интересира само како да го пополнат буџетот од кој потоа финансираат набавки на службени возила, партиски вработувања и дебели хонорари и други непродуктивни трошоци.

А ако не е директен арач од граѓаните, тогаш власта посега по задолжувања, кое на крајот пак ќе го враќа секој од нас. Затоа долгот заклучно со вториот квартал достигна неверојатни 7,4 милијарди евра или 64,4% од БДП. Тоа значи дека само за последните три месеци власта на Заев ја задолжила Македонија за 213 милиони евра, или за првото полугодие за 904 милиони евра.

Откако се дојдени на власт долгот го покачиле за неверојатни 2,7 милијарди евра нов долг. Патем ништо не направија, ниту ветените 600 километри нов автопат, ниту нови болници, ниту ветениот клинички центар, ниту нови училишта, ниту ветениот студентски град. Апсолутно ништо.

Потрошија 4 рекордно високи буџети, ја задолжија државата до ниво од 7,4 милијарди евра долг, а парите и делата никаде ги нема. Овие 4 години власт на Заев се 4 украдени години за граѓаните и економијата.
Доста е!  Концептот Македонија за сите луѓе ќе застане на патот на оваа економска катастрофа која и се случува на Македонија со власта на Заев.

Центар за комуникации со јавноста на ВМРО-ДПМНЕ