Власта на СДСМ префрла половина милион евра во ек на изборна кампања на НВО, а Државната комисија за спречување на корупција молчи, изјави Иванка Василевска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.
Во продолжение на текстот целата изјава на Василевска:
СДСМ најпрвин ја злоупотребија вонредната состојба и во брза постапка ги распредели средствата на НВО кој е близок до нив За недела дена распишаа оглас, извршија евалуација и доделија над половина милион евра.
ДКСК не најде за сходно да реагира и да види како тоа за 48 часа, колку што изнесуваше рокот за евалуација и избор на проектите, Комисијата која одлучувала за распределување на средствата да прочита над 550 проекти, со над 5.500 пишани страни материјал?! И дали ваквата „брзина“ во избор не ги заинтересира дали зад тоа не се крие веќе однапред договорена работа, кој и колку средства треба да добие?!
Имено само за потсетување на ДКСК уште еднаш ќе ги повторам фактите од случајот, распределба на половина милион евра народни пари за изборен поткуп преку НВО. Власта распишаа оглас на 06.06.2020 година, кој траеше не цели 5 дена односно до 11.6.2020 година до 12 часот и беше со скратена документација, за потоа во рок од само 48 часа, време кое го имаа за да разгледаат 550 проекти и над 5.500 страници материјал да изберат само 40 НВО – кои добија грант.
Откако ја злоупотребија вонредната состојба, сега го злоупотребуваат и процесот на изборите. Имено на ден 01.07.2020 година, против законски во тек на официјална кампања на невладините организации им се префрлаат парите од огласот. Затоа денес поднесовме приговор до ДКСК да постапи за прекршување на членот 8-а од Изборниот законик и член 34 од Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси.
Ја повикуваме ДКСК веднаш да реагира во однос на приговорот. Јавно ја повикуваме да ја суспендира постапката за доделување на средства на граѓански организации во период каде што изборната кампања е во полн ек, а воедно и да започне истрага за целокупната постапка за доделување на грантови, започнувајќи од содветноста и законитоста на објавувањето на повикот, завршувајќи со одлуките на владината комисија која одлучувала која организација ќе добие грант.
СДСМ ја тоне државата.
СДСМ покажа дека можат единствено повеќе криминал, можат повеќе корупција и можат само порази. Да ставиме крај на виткање на кичмата. Исправи се Македонијо! Обновата доаѓа!