ВМРО-ДПМНЕ ќе обезбеди за еден мандат до 50 отсто од домаќинствата да добијат бесплатен приклучок на гас, и загаденоста да се намали, соопшти денеска опозициската партија, чие соопштение го пренесуваме во целост:
Општинските и градски власти предводени од кадри на ВМРО-ДПМНЕ ќе овозможат преку општински и градски претпријатија секое домаќинство да добие бесплатен приклучок на гас, а со тоа ќе се намали загаденоста на воздухот во зимските денови, бидејќи таа во голем процент е резултат на тврдите горива кои се користат за затоплување на домовите.
Грижата на ВМРО-ДПМНЕ за поевтини енергенси не застанува тука. Ќе го продолжиме животниот век на РЕК Битола и РЕК Осломеј до 2040 година. Со тоа ќе спаси многу работни места, кои доколку СДСМ остане на власт ќе бидат изгубени, а илјадници ќе останат на улица без егзистенција.
Продолжувањето на животниот век на двете термоелектранј во Битола и Кичево ќе значи и зголемено производство на струја, но и поевтина струја следствено на тоа.
ВМРО-ДПМНЕ има за свој приоритет граѓаните да добијат евтини енергенси и здрава животна средина. Време е за Македонија за сите луѓе!
Центар за комуникации со јавноста на ВМРО-ДПМНЕ