Градоначалниците на СДСМ во Дојран и Василево треба да се в затвор, а не кандидати пак за истата функција, а Смилевски од Бутел да конкурира за Пинокио, се истакнува во денешното соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

-Анго Ангов, градоначалник на Дојран и Марјан Василев, градоначалник на Василево, се фатени и документирани како вршеле поткуп за време на минатогодишните избори. Ангов и Василев требаше до сега да имаат завршен случај, а тие наместо како кандидати да се јавеа на главна капија во Идризово. Градоначалникот на Бутел, Велимир Смилевски може не се истакнал колку своите колеги Ангов и Василев, но затоа се истакна во лажење, се вели во соопштението.

Смилевски, се додава натму во истото, вети и не направи водовод во Љуботен.

-Четири години подоцна од локалните избори во 2017 година, Љуботен е уште без вода. Бутелчани се лекуваат во поствоени бараки. Смилевски вети поликлиника, а луѓето уште газат во кал кога ќе заврне дожд и сакаат да идат на лекар. Смилевски вети многу, а не направи ништо. Наместо за градоначалник нека конкурира за пинокио, можеби затоа ќе го изберат, зошто за градоначалник не поминува. Време е кадрите како Ангов, Василев и Смилевски да си заминат. Време е за Македонија за сите луѓе, се вели во соопштението од опозициската партија.