Зоран Заев и Кочо Анѓушев ја туркаат економијата кон дно, а веќе трета година по ред ништо од ветувањата дека ќе се рестартираат „Југохром“ и „ОХИС“, реагира ВМРО-ДПМНЕ.
– Стотици работници од овие некогашни гиганти три години се лажени од власта. Заев и Анѓушев пред изборите во 2016 година ветуваа заживување на економијата и решавање на сите проблеми како во случајот со „ОХИС“. Три години по изборите од 2016, решение не е ниту на повидок. Поранешните работници на овие фабрики живеат мачно, а егзистенцијата на нивните семејства е доведена под знак прашалник. Заев и Анѓушев не направија ништо за „Југохром“ и „ОХИС“, но затоа направија за нивните фирми. Заеви влегоа во бизнисот со марихуана, го купија струмичкиот конфекциски гигант „Герас Цунев“, а Анѓушев зема тендери. Додека функционерите на власта се богатат, граѓаните се чудат како да врзат крај со крај. Заев, Анѓушев и целата влада мора да си заминат, се вели во реакцијата.