Владата на Заев заедно со Комисијата за заразни болести потфрлија. Неспособноста на власта и Комисијата резултира со 834 починати лица. Македонија поради неодговорноста на власта и Комисијата се искачи на првото место во регионот и пошироко по новозаразени и починати од КОВИД-19.
Ова се истакнува во денешното соопштение од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
– Членовите на Комисијата за заразни болести наместо како лекари се поставија како политичари. Болници преполни, здравствен кадар преморен, власта не го дочека претстојниот есенски бран на КОВИД подготвена. Очигледно е дека Владата на Заев нема стратегија. Граѓаните се жртва на неспособноста и неодговорноста на власта. Граѓаните бараат одговорност, се вели во соопштението.