Република Македонија е црна дупка во регионот и во Европа во однос на бројот на заразени и починати од корона вирусот, се велчи во денешната реакција од ВМРО-ДПМНЕ.
– Граѓаните се оставени сами на себе, а Заев и Филипче само ги бројат загубените животи и лажат дека епидемијата е совладана и дека состојбата ја имаат под контрола. Зоран Заев и Владата предводена од СДСМ никако да смислат план за справување со последиците од корона вирусот. Заев и Владата предводена од СДСМ немаат план како да се организира здравствениот систем. Додека сите бележеа пад на бројот на заболени и починати, во Македонија се зголемуваше нивниот број, а не знаат ниту како понатаму со оној тн. есенски бран на корона, се вели во соопштението.
Владата предводена од СДСМ, се додава натаму, нема план ниту за справување со економските последици кои произлегоа од корона кризата, а економските последици стануваат се повидливи од ден на ден.
– Извозот на стоки од државава во периодот јануари ‒ јуни падна за 24 проценти во однос на истиот период од претходната година. Заев и Владата предводена од СДСМ за само три месеци го зголеми јавниот долг за повеќе од една милијарда евра. Нема ниту капитални проекти, ниту пак некој ги видел тие пари, а дополнително Владата продолжува со ново задолжување. Заев и Владата на СДСМ знаат да спроведуваат само лоши политики, а на граѓаните и на Македонија им е потребен план и стратегија за справување со кризата, соопштуваат од Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ.