Зоран Заев и СДСМ ја претворија Македонија во земја во која царува криминалот, корупцијата и рекетот. Сите видоа како функционери од власта на Заев ставаат снопчиња пари во своите торби, сите видоа како во Луј Витон куфери се носат изрекетираните пари, за кои има сведоштво дека завршувале кај Зоран и Вице Заеви.
Ова се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ, кое го пренесуваме во целост:
Обвинителството и судството под директна контрола на Заев наместо да го гонат и осудат криминалот, тргуваа со правдата, па така имавме ситуација во која брат на судијка бара рекет од 6 милиони евра. За ова како и за речиси секој криминал во државата знаел Зоран Заев и истиот го заштитувал.
Дека криминогените активности биле модус вивенди во работењето на власта на Заев потврда е и сведоштвото дека Мила Царовска и Александар Кирацовски, но и многу други партиски функционери посредувале во матните зделки и рекетирањето кое се одвивало, а Радмила Шекеринска во интимни средби директно комуницирала со изведувачите на ваквата операција.
Македонија и граѓаните не заслужуваат власт на Зоран Заев која ја тоне државата во криминал, рекет и корупција.
Центар за комуникации со јавност на ВМРО-ДПМНЕ