Зоран Заев оди спротивно на волјата на народот која беше јасно изразена на 30 септември, кога народот јасно кажа дека не прифаќа промена на името и тоа секој политичар треба да го почитува, се вели во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.
– Зоран Заев се што прави вклучително и насилната промена на името е со цел задржување на власт и пљачкосување на државата преку криминални тендери. Државниот апарат две години е нефункционален, наместо реформи и проекти, власта се насочи кон распродажба на државните и национални интереси. Образованието е во хаос, здравството на колена, земјоделието во очај. Буквално црнила на секое поле. Црнилата кои ги донесоа во секојдневието не можат да ги избришат со распродажбата на името, се вели во соопштението.
Зоран Заев, се додава, е човекот кој ќе остане запаметен како политичарот кој ја продал Македонија.
– Зоран Заев не работи за граѓаните и државата, туку за своите лични и бизнис интереси. Зоран Заев и СДСМ мора да си заминат. Црнилата не смеат да бидат наше секојдневие. Зората мора да изгрее за Македонија, се вели во соопштението од опозицијата.