СДСМ да се откаже од насилното туркање на фалсификат попис, и да го прифати единственото разумно решение, кое ќе значи кредибилен попис, со јасни и прецизни податоци, се вели во денешната реакција од ВМРО-ДПМНЕ.

– Електронскиот попис е процесот на иднината, процес кој гарантира кредибилен попис.Само електронски попис, кој ќе се спроведе со мечирање на базите на податоци на повеќе институции може да даде јасна слика кој им е потребна на институциите, со цел креирање среднорочни и долгорочни политики. Електронскиот попис ќе се направи со мечирање на базите на податоци на МВР, ФЗО, ПИОМ, МТСП, УЈП, Централниот регистар, Царинската управа и други институции, кои заради своето работење водат евиденција на граѓани. Електронски попис, ќе значи и заштеда на финансиски средства, но и поголема заштита на здравјето на граѓаните, во време на пандемија. Власта да ја надмине својата суета, и да го прифати предлогот на ВМРО-ДПМНЕ, кој е единствено логично решение, доколку СДСМ сака решение и статистика, а не политички попис, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.