Неспособната влада на СДСМ ја зголеми сиромаштијата за дури 6 отсто, реагира денеска ВМРО-ДПМНЕ.

– Владата преводена од СДСМ да се грижеше за граѓаните немаше Македонија денес да тоне во сиромаштија. Зоран Заев во ек на криза остави над 40.000 граѓани на улица. Поради неспособноста на Зоран Заев во извештајот на Светската банка се прогнозира дека до крајот на годинава сиромаштијата ќе достигне 23% од населението, факт што говори дека над 450 илјади луѓе ќе бидат на работ на егзистенција. Неспособната влада на СДСМ ја зголеми сиромаштијата за дури 6%. Македонската економија се соочува со рецесија која не е видена од 2001 година. СДСМ остави на цедило над 14.000 мали претпријатија сами да се справуваат без никакви приходи. Во ек на пандемија кога светските влади намалуваат даноци, Владата на Заев ја покачи сметката за струја за 7.4%. Оваа влада не помага на граѓаните. Оваа влада ги осиромаши граѓаните, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.