Потпишување на капитулантски договор за промената на уставното име на Република Македонија, откажување од се што е македонско е добра вест единствено за Зоран Заев и СДСМ. За никој друг. Заев е човек кој ја влече Република Македонија во пропаст. Тој ветуваше дека нема да прифати промена на Уставното име на Република Македонија, но сега од позиција на власт ги распродава националните и државните интереси на сите страни. Заев не лаже, Заев суши!, се вели во соопштението од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
Во него се додава дека Заев со потпишувањето на штетниот и капитулантски договор се откажа од Привремената спогодба помеѓу Македонија и Грција со која Атина се обврза да не го блокира нашето пристапување кон меѓународните организации под привремената референца.
„Овој договор е обид на Заев да го покрие криминалот, корупцијата, расипништвото и неспособноста на неговата Влада. Македонија без реформи не може да влезе во ЕУ. Зев ја потценува интелегенцијата на граѓаните и се обидува да ги убеди дека со три денари месечно за нив дошол животот. Намалувањето на електричната енергија за 0,1 процент не е мерка со која што Заев и СДСМ треба да се фали. Сите оние кои до сега за струја плаќале 3.000 денари, со ова огромно достигнување на Заев, граѓаните за истата сметка ќе плаќаат 2.997 денари. Односно за една година граѓаните ќе заштедат цели 36 денари. Намалување од 0,1 процент не претставува подобрување на стандардот на граѓаните, туку нивно понижување и потценување.
Граѓаните очекуваат намалување на електричната енергија за 30 проценти, како што најавуваше Заев во опозиција. Но, се што кажа Заев, за се излажа“, се истакнува во истото соопштение..