Грчката опозициска партија Нова демократија (НД) води во последната анкета во однос на владејачката Сириза со 14,1 проценти, покажува испитувањето на јавното мислење спроведено  од Метрон за потребите на весникот „Та неа“.

Овој резултат е одговор од гласачите на Преспанскиот договор, зашто токму тој договор му го крева рејтингот на лидерот на НД, Киријакос Мицотакис, а не договорот со Еврогрупата за финансиската криза.

За предвремени избори во моментов се 38 отсто од Грците, а ако утре има избори за НД би гласале 36,7 отсто, за Сириза 22,6, за Анел на Панос Каменос 9,9 проенти, на четврто место би била Златна зора со 8 и комунистите ККЕ со 6,8 проценти..

Што се однсува до „историските договори“, тој постигнат со Еврогрупата за долгот има поддршка од само 25 проценти, додека негативен став имаат 57 отсто од анкетираните. Меѓутоа за Преспанскиот договор ситуацијата е многу јасна – дури фантастични 72 проценти не се согласуваат со договорот за името, а 23 се согласуваат.

Што се однесува, пак, до економската состојба, 54 отсто од граѓаните рекле дека таа во наредните месеци ќе се влоши.

Но, клучните фигури се во однос на политичките лидери. Така Владата на Ципрас добила порака за размислување – 75 отсто дале негативно мислење за работата на Владата, а за премиерот 73 проценти, додека позитивно мислење дале само 17 проценти. Мицотаккис добил најмногу поддршка – 42 отсто, иако негативно се изјасниле 52 проценти, Ципрас е со 72 негативно и 26 проценти позитивно мислење, лидерот на Потами, Ставрос Теодоракис има 62 проценти негативни мислење кај граѓаните.

Конечно, анкетираните мислат дека владата на Сириза и Анел предвреме ќе падне, а „македонскиот договор“ е очигледно главната причина, барем така зборуваат анкетите и се смета „за цунами кое може да однесе се пред себе“.