Заради неспособноста на СДС македонските граѓани плаќаат најскапа струја во регионот. Цената на струјата во Македонија, која ја плаќаат граѓаните 89.5 евра за мегават час, и е убедливо најскапо од сите земји во регионот, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Граѓаните на Србија и Косово плаќаат 50% поевтина струја од граѓаните во Македонија. Имено цената на мегават час електрична енергија во Србија е 58.9 евра, а во Косово 55.5 евра, во споредба со нашите 89.5 евра.
Поскапа струја плаќаат нашите домаќинства и од домаќинствата во Турција, каде струјата е 74.8 евра за мегават час, односно 15% помалку во однос на Македонија.
БиХ и Црна Гора исто така имаат поевтина струја од Македонија, околу 15%“ -анализираат од партијата.
-Струјата во Македонија е скапа затоа што власта го занемари домашното производство, и од некогашните 6 терават часови произведена струја сега не можат да се произведат ниту 4. Владата не го оптимизира производството, и ја донесе Македонија и граѓаните во полоша положба од граѓаните на државите од регионот, велат од партијата.