Денеска сум во посета на Росоман и на околината на Росоман на барање на земјоделците. Согласно нашите реакции како партија во изминатите денови каде што алармиравме и предупредувавме на алармантната состојба која што ќе се случи со откупот на праската.
Денеска сум тука помеѓу земјоделците директно на терен и она што можам да го видам е дека навистина е ситуацијата алармантна.
Земјоделците не само што немаат каде да го продадат родот, едноставно не ги ни берат праските. Праските како што сами гледате се на своите дрва, стојат неберени бидејќи нема пласман.
Земјоделците, трудот кој што треба да го вложат за берба, транспорт, за амбалажа итн. едноставно е неисплатлив.
Родот стои на дрва, а земјоделците се во една очајна ситуација. Ние неколку пати како партија ги повикувавме надлежното министерство и премиерот Зоран Заев, кои што само да потсетиме во 2016 година одеше низ Македонија и ветуваше загарантиран откуп, повисоки откупни цени итн.
Меѓутоа ова со праските што се случува сега не е за прв пат. Се случуваше и минатата година, се случуваше и 2017-та година. Практично со доаѓањето на СДСМ на власт животот кој што го ветуваа донесоа неживот за земјоделците.
Живот можеби донесоа за фирмите на Вице Заев и марихуаната, меѓутоа за земјоделците не донесоа.
Она што за денеска прв пат го сретнав е тоа што на земјоделците им се дава откупни белешки на кои што нема цена. Јас имам една таква каде што стои името и презимето на земјоделецот, количината но меѓутоа цена нема.
Ова е уште една манипулација со трудот на земјоделците. Ги повикувам уште еднаш Зоран Заев, министерот Николовски кој што само за Зоран Заев е успешен министер да конечно се охрабрат и излезат помеѓу земјоделците. Да дата инпут, да дадат помош бидејќи овие луѓе се навистина на работ на егзистенцијата веќе трета година по ред.
Сведоци бевме пред неколку дена каде што самите земјоделци ги сечеа родните дрва. Во една хаотична ситуација, во безидејна ситуација се доведени на работ на егзистенцијата, исто така ги повикуваме сите институции како што е државниот земјоделски инспекторат да излезат од удобните канцеларии и од скапите автомобили да дојдат помеѓу луѓето и да го спроведат законот на дело.
Затоа што земјоделците се оставени сами на себе. Нема кој да ги заштити. Министерот се шета низ светските дестинации на државен трошок, Зоран Заев се шета на црвените килими по светските дестинации, а земјоделците се оставени сами на себе.
Ја користам оваа прилика уште еднаш да ги повикам да излезат на терен ако не нека ди дадат оставка, нека ги отстапат институциите на луѓе што се желни за работа, кои што имаат стратегија и визија.
ВМРО-ДПМНЕ во минатото покажа каков однос треба да се има кон македонскиот земјоделец.
Да ние имаме и стратегија која што ќе ја практицираме кога ќе ја формираме новата влада.
ВМРО-ДПМНЕ ќе ја формира многу скоро новата влада и ќе покажеме како навистина треба да се делува, и да се грижиме за македонскиот земјоделец.
Цветан Трипуновски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ