Дали Зоран Заев, кој денеска пред преставниците од Светска банка презентираше проект за поддршка на бизнис акцелератори во висина на 1.5 милиони евра, преку Фондот за иновации, им кажа дека 10 милиони од овој фонд наместо како грантови за иновации завршија кај функционери на власта, нивни роднини и пријатели, прашува ВМРО-ДПМНЕ.
– Дали и овие 1.5 милиони евра ќе завршат во џебовите на некој партиски функционери? Знаат ли претставниците на Светска банка дека Заев работи по моделот „Евро за Вицето, евро за црквата“ кој од Струмица го преслика на цела територија на Република Македонија? Им ги покажа ли Заев насловните на Вашингтон пост, Мајами хералд, Си-Ен-Би-Си и другите влијателни светски медиуми кои известуваат за големите криминали и корупцијата во Република Македонија под негова власт, се вели во соопштението на партијата.
Натаму, во рекацијата се додава: Со СДСМ на власт државата континуирано тоне, економскиот раст е 0%, платите паѓаат, а стандардот на граѓаните тоне.
– Бизнисот е клекнат на колена. Заев нема кредибилитет да зборува за поддршка на бизнисот и создавање на услови за економски развој, бидејќи тој во изминативе 15 месеци создава само криминал. Токму затоа наместо да ја лаже јавноста треба да си поднесе оставка и да се замине пред да и нанесе преголеми штети на државата, се наведува во соопштението.