Намалена е видливоста на 50 метри поради магла на планинскиот премин Стража, соопшти ЈП „Македонија пат“.
Сообраќајот на патиштата низ државата се одвива по претежно влажни коловози. Снег врне на Попова Шапка и Ѓавато.
На одредени патни правци кои поминуваат низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.
Од ЈП Македонија пат апелираат на внимателно возење и прилагодување на брзината кон условите на патот.