Едниот внук од брат на лидерот на ДУИ, Али Ахмети бизнисмен кој го купи бизнис центарот Соравија во Скопје, а другиот внук стана дипломат во македонската амбасада во Брисел, објави ТВ Телма.
Вториот внук на Ахмети, Бесиан Ахмети добил позиција во амбасадата во Брисел како прв секретар на амбасадата за да привлекува странски инвестиции од Бенелукс, додека неговиот брат Дрин е инвеститор и купувач на Соравија. За помалку од два месеца, како што објави ТВ Телма, успеси бележат внуците на Ахмети.
Според документите на Министерството за економија, Бесиан Ахмети бил избран на интерен оглас на 24-ти март оваа година, а од мај веќе бил во Брисел. На првата дипломатска задача, тројната посета на Пендаровски, Бектеши и Деспотовски, според информациите на Телма, имал неколку грешки и пропусти при активностите, но се обидувал да ја префрли и одговорноста и обврските на други.
Интересно е што за ова место во амбасадата во Брисел, потребата била утврдена лани во јули од сограѓанинот на Ахмети, министерот за економија Крешник Бектеши. Само неколку месеци претходно Бесиан Ахмети, во средината на мај бил вработен во министерството како помлад соработник за една година подоцна успешно да стане дипломат и прв секретар на амбасадата во Брисел.
Одлуката ја потврдила и владата и министерот за надворешни работи, Бујар Османи што значи дека мора да знае дека го испратил внукот на својот партиски лидер во Брисел, за разлика од неинформираноста за вториот внук на Ахмети и неговото заедничко, со партнер од Албанија, купување на над 30 милиони евра вредниот деловен центар Соравија. Внукот-инвеститор Дрин Ахмети вчера во изјава за веб медиумот Макфакс тврдеше дека неговото купување на Соравија нема никаква семејна врска со чичкото Али кој веќе дваесет години е во власта и е пратеник.
Извор: ТВ Телма