Кали ЈОВЧЕВСКА

Како внука на Раде Јовчевски- Корчагин, се чувствувам крајно револтирана од изјавите на оној што веќе подолг период работи систематски на негирање на постоењето на сЕ што е поврзано со Македонија и македонската историја.

Епа, оваа слика е убиството на мојот дедо кој е убиен од бугарската “администрација”. Така, пријателски, додека е пукано од нивна страна во него, извикуваат: ” Еве ти ја слободата”.

Не се борел за Бугарија, туку против фашизмот, против бугарскиот фашизам.

Историјата не се менува – таа е дел од еден народ! А ова е нашата… тажна, болна… ама таа е, наша е и мора да ја чуваме!

Да живее Македонија! ??