Владо Мисајловски, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, во своето гостување во вестите на Сител зборуваше и што понатаму ќе прави пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Собрание каде посочи дека ВМРО-ДПМНЕ нема да учествува на седници кога власта ќе сака да протне лоши закони за народот, закони кои се штетни за сите граѓани во Македонија

-Апсолутно ќе ја напуштаме седницата, не само денеска и во наредните продолженија на тековните седници секогаш кога власта сака да протне некој лош закон за населението и за народот. Но од друга страна ВМРО-ДПМНЕ нема да прави кворум во Собранието ниту пак ќе учествува за било какво понижување од стана на власта пред се кон народот. Додека ние не сме во Собранието тие со свој кворум поминуваат штетни закони и тоа граѓаните треба да го знаат. Се она што сакат да го прикажат дека блеска во Македонија и се е розево – не е така, тие не можат да се соберат за ниту една седница. Гледате по една недела не може да се одржи седница бидејќи немаат луѓе за да ги одржат матичните комисии, а не па да одржат пленарна седница. Нема да влегуваме во Сбрание ако се разбира граѓаните имаат потреба за нешто ние ќе им помогнеме на граѓаните но на власта апсолутно не, рече Мисајловски