Фатмир Лимани, внук на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, сега дел од Движењето Беса, прашува зошто по 20 години во политика Ахмети влегува во бизнис со казина.

Од каде на лажниот патриот Ахмети сега му текна да се занимава со лотарија, со коцка, со казина? – прашува Лимани за МКД.

Тој на Фејсбук во објава под наслов „Казината и молзењето на луѓето”, за Ахмети, користејќи го неговиот прекар Абаз Џука, пишува:

Поранешниот патриот Абаз Џука, барал и добил директор на Македонска ЛОТАРИЈА, за да молзе и да краде албански семејства!

Зошто не доби ниту една дирекција, за економски развој за да ги вработи младите на државата, туку се избори да стане даночник на бенефиции од КАЗИНА!?

Асистентот на Артан Груби станува директор на Македонска лотарија, а што добиваат, а што губат Албанците со ова!?

Колку месечни поволности се собираат во касата на Али Ахмети од обложувалниците што ги отвори низ нашата држава?!

ПС: Во наредните денови ќе се занимаваме со проблематиката на коцкање, казина, лотарии….

Лимани вели дека по барање на Ахмети за директор на Лотарија бил поставен Перпарим Бајрами, инаку близок соработник на Артан Груби.
Бајрами работел во парламентот како политички светник кај тогаш пратеникот Артан Груби, а имал само 24 години. Потоа „скалилото“ беше да се влезе во Лотарија, а подоцна и на челна позиција.

Целта на Ахмети е ДУИ да навлезе што подлабоко и во институции кои носат „брзи” пари и каде е вносно да се има свој „удел”, вели Лимани.

„Која е причината што влегуваат во Лотарија? Треба да се знае дека лиценците за казината ги даваат директорот на Лотарија и Министерството за финансии, каде министер е од ДУИ. Тие две инстиктиуции не се случајно земени од ДУИ“, нагласува Лимани.

Тој потсетува дека во Албанија и во Косово се забранија казината, па дека се случи и своевидна преселба во Македонија и се отвораат и нови места за комар.

„Ако казината се надвор од населени места како што бараме, нема секој да оди да игра, ќе одат тие што навистина имаат некоја пара вишок. Ако се во населени места, како и што се кај нас казината, во искушение доаѓаат и сиромаси. Последниот денар наместо за леб, можеби ќе го дадат за коцка”, вели Лимани.

Затоа, како што нагласува Лимани за МКД, тој планира во наредните денови и недели да пишува „отворајќи ги картите” од бизнисот на власта за многуте аспекти поврзани со лотаријата и казината.