Седум лица се здобиле со лесни телесни повреди во седум сообраќајни несреќи регистрирани на подрачјето на СВР Скопје.
Сообраќајната полиција санкционирала 83 возачи кои се движеле со поголема брзина од дозволената, а од сообраќај исклучила 29 возачи кои управувале возило под дејство на алкохол. Од санкционираните, 13 возачи возеле пред да се стекнат со право на управување моторно возило, пет почетници и двајца останати.
Од сообраќај се исклучени 11 нерегистрирани возила, 85 автомобили кои биле непрописно паркирани, а со пајак се подигнати 75 возила.