Новинарот на Телевизијата БН, Владимир Ковачевиќ синоќа е физички нападнат во Бања Лука, а поради здобиените повреди побарал медицинска помош.
– Пред 20 минути додека се враќав од работа, две момчиња ме пресретнаа и ме претепаа со метални шипки, напиша Ковачевиќ синоќа на Твитер.
Тој објави и фотографија, на која е со крвав завој на главата.
Ковачевиќ синоќа на Плоштадот Краина во Бања Лука го следел собирот „Правда за Давид“, од кој секоја вечер има директно вклучување во вестите на ТВ БН.
Давид Драгичевиќ (21) исчезна ноќта на 18 март, а неговото тело е пронајдено на 24 март во реката Врбас. Родителите на Драгичевиќ тврдат дека тој е киднапиран и убиен од страна на припадници на полицијата на Република Српска. Мирните собири на граѓаните „Правда за Давид“, на кои се бара откривање на убијците и наредбодавците, се одржуваат во Бања Лука секоја вечер од 26 март