Бројот на загинатите во пожарот во Мати, источна Атика, се зголеми. Според информација на Противпожарната бригада до сега во кастрафалните пожари загинале 97 лица откако утринава во болница починала 76-годишна жена која имала тешки изгореници.

До сега се идентификувани 83 жртви, додека телата на 14 се во болница и врз нив се вршат најразлични тестови за идентификација. Едно лице се води како исчезнато.

Инаку, во Мати воздухот се уште е загаден на многу високо ниво, па во опожарените подрачја има ограничени движења и тоа само со заштитни маски. Според сегашните најави, таквата состојба се очекува да трае до ноември.